














Вила Радовиќ е во Црна Гора, во населбата Доњи Штој, помеѓу Илцињ и Адa Бојана, на Големата улцинска плажа.Вилата е одалечена од нудистичкиот камп Ада Бојана три километри, а од песочната плажа која е долга околу 13км, Вила Радовиќе одалечена 1500м.Плажата е идеална за kitesuft и winsurf.
Поседуваме 4-ри комплетно опремени апартмани, со два, три и пет кревети. Секој апартман има свое купатило, опремена кујна со фрижидер. Вилата поседува и три соби, од кои едната е со два кревета, а другите две се трокреветни, со можност да ја користат кујната, купатилото и терасата.
Апартманите се изградени 2008година и снабдени со топла и ладна вода цели 24 часа.
Во населбата Доњи Штој каде се наоѓа Вила Радовиќ, имате кафиќ, ресторан, супер маркет, пазар, пошта и амбуланта.Вила Радовиќ има паркинг простор.Дворот на вилата е засаден со англиска трева, ѕид од питоми рози, оградата е од рузмарин, а ладовината ја има под виновата лоза и киви.Тука се уште и смоквите, мандарините и цвеќе.
Кај нас владее семејна атмосфера, а за нашите гости може да организираме риболов, скара и подготвување храна во котле.
Цена за сместување: 5 евр.по кревет за сместување во соби и 6 евра по кревет за сместување во апартман.
Секој турист во Црна Гора плаќа такса(туристичка такса) од 0,50вра(50 цента)за ден по човек.За деца не се наплаќа


руски